
„ПРОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ“ е проект на ДИЈАЛОГ – Центарот за делиберативна демократија од Прилеп.
Проектот се имплементира како дел од двегодишниот проект „ Проценка на влијанието на регулативата во сенка: промовирање на креирање политики базирани на докази”, на Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Центарот за Економски Анализи, а финансиран од Европската Унија.
Општата цел на проектот е да се влијае врз институциите за примена на ПВР механизмот во случајот за предлог законското решение за употреба на јазиците преку навремени консултации со засегнатите страни од планираната јавна политика.
Специфичните цели на проектот се:
- испитување на административните, финансиските и човечките капацитети на институциите за спроведување на предложената регулатива;
- испитување на јавното мислење за потребата од ваквата регулатива;
- вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики.
Целите на проектот ќе се остваруваат преку активности за истражување и мониторинг во периодот од февруари до октомври 2018 година на територијата на Република Македонија, а крајните корисници се граѓаните на Македонија.
ДИЈАЛОГ учестуваваше во соопштувањето на јавната реакција околу неподготвувањето на ПВР за Законот за употреба на јазиците од страна на дел од организациите членки на Мрежата за подобра легислатива “Мрежа РИА” и на подгрантистите на проектот “Проценка на влијанието на регулативата во сенка: промовирање на креирање политики базирани на докази”.
в

Проектот е финансиран од Европската Унија. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на ДИЈАЛОГ – Центар за делиберативна демократија и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија, Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центар за економски анализи (ЦЕА).